Судот одлучи: 19 години затвор за Ангела Ѓоргиевска, девојката на Пино Секондо

Ангела Ѓорѓиевска доби 19 години затворска казна за убиството на 26 годишниот Пинета Секондо – Пино, кој беше убиен под контроверзни услови и неговото тело беше пронајдено дури по реакцијата на неговата мајка и притисокот од јавноста.

Судот второобвинетата ја прогласи за виновна затоа што помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан, кој е во бегство.

Првообвинетиот со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен.

Ѓорѓиевска, според судот, во текот на процесот никогаш не покажала каење.

Претходно, според сведоците, Ангела го барала Пино вечерта на неговиот роденден со необично барање.

Таа, сакала да се пресмета со некои девојки и имала потреба од автомобил за да стави во гепек некоја личност.

Сепак, Пино , како што посочил сведокот, го одбил ова барање на Ангела со образложение дека нема пари да оди во Ѓорче а и не сакал да влегува во проблеми.

Судењето започна лани во ноември по една година од свирепото убиство. Под контроверзни услови 26-годишникот беше убиен на 11 декември 2018, но тоа јавноста не го знаеше затоа што полицијата не можеше да го пронајде се додека случаен минувач не ги откри неговите остатоци во атарот на скопското село Љуботен откако претходно имало одрон.

МВР на 31 мај лани поднесе кривична пријава против Ѓорѓиевска и Али Фуркан, исто така од Скопје, кој ја извршил егзекуцијата и за време на истрагата се даде во бегство, по што МВР по него распиша меѓународна потерница.

Инаку, мајката на Пино половина година активно бараше одговор за судбината со нејзиниот син.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа