Судот пресуди: Николоски го наклеветил Вице Заев но нема да му даде 30.000 денари

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, го наклеветил братот на премиерот Зоран Заев, пренесе Макфакс.

 

Судот утврди клевета само во еден дел од изјавата, но не досуди надомест на штета од 30 илјади денари. 

Досега имаше три рочишта.

Вице го тужеше Николовски дека во телефонски разговор со новинар, кажува дека брат му на премиерот Зоран Заев, Вице Заев станал главен бизнис фактор во државата.

Инаку, во „Печат на неделата“ на 1ТВ одговарајќи на новинарско прашање дали знаел дека неговиот брат Вице Заев го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски само затоа што кажал дека Вице Заев има 30 фирми и е економски фактор во државата, премиерот Заев неодамна посочи дека тој со неговиот брат Вице Заев не се гледа многу често поради обврските во Скопје и дека не знаел.

- Немав поима еве да ви кажам искрено ви зборам. Внатре има обвинувања за криминал, обвинувања за местенки, има обвинувања за влијание врз одредени работи. Чесно зборам секој пат. Има душа повредена и ми објаснува извини бе човек терај си ти по својот пат, терај си во својата политика, немав право во фондот да конкурирам, кога бев во опозиција немав право ништо, сега немам право да работам, извинете ќе тужам, рече Заев во гостувањето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега