Судскиот совет му го одзеде имунитетот на Наке Георгиев - ќе оди во притвор

Судскиот совет на вонредна седница која се одржа вечерва по полноќ одлучи да му го одземе имунитетот на Врховниот судија Наке Георгиев.

Во соопштението кое беше испратено пред малку, се вели дека Судскиот совет го одобрува барањето за притвор и времено забрани тој да ја извршува својата работа.

-Се одзема имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривична постапка. Се одобрува барањето за одобрување на мерката притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен Скопје. Времено се оддалечува од вршење на судиската функција судија на Врховниот суд на РСМ до прависолно завршување на кривичната постапка, се вели во соопштението од Судскиот совет.

Ова уследи откако Врховниот судија Наке Георгиев беше обвинет за корупција, па се повика на својот имунитет.

Министерството за внатрешни работи попладнево потврди дека е уапсен под сомнение за примање мито од 10.000 евра и оти се чека одлука за следните чекори.

– Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело `Примање награда за против законито влијание`. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител, соопштиjа од МВР.

Георгиев, кој претходно се откажа од кандидатурата за член на Судскиот совет откако неговиот син беше избран за судија, се соочи со притисоци во Советот поради наводни неправилности во изборниот процес. И покрај обидите за негово разрешување, тој успеа да остане на функција, за разлика од тројца апелациони судии од Штип кои беа разрешени поради слични обвинувања.

Тој бил пријавен од лице кое тврдело дека му бил баран поткуп во врска со судски случај, а на кого врховниот судија му ветувал олеснителни околности во случајот против поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев поврзан со трговија со марихуана.

Полициски извори потврдилја дека судијата Георгиев бил префрлен во полициската станица Кисела Вода.

21.05.2024 - 01:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега