Судскиот совет отвори постапка за разрешување на Владимир Панчевски

Судскиот совет отвори постапка за разрешување на судијата и поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски. Како што неофицијално дознава САКАМДАКАЖАМ.мк бидејќи постапката е тајна, на денешната седница на Судскиот совет е формирана комисија со известител, која треба да ги преиспита сомневањата за Панчевски и да даде предлог за негово разрешување.

 

Постапката членовите на Советот ја отвораат самоиницијативно, за местења на предмети кај судии подобни за него и за функционерите од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ и за други злоупотреби со системот за електронска распределба на предметите (АКМИС).

„Иницијативата за разрешување на судијата Панчевски ја покренуваме сами, таа не е по ничија пријава однадвор. Причина се сомневањата за злоупотреби со АКМИС-от, во комбинација со честото менување на распоредот на судии од негова страна, носење на судии во Основниот суд Скопје од внатрешноста на државата при доволен број на судии во Скопска единица додека Панчевски бил нејзин претседател. Има сомневања и за доделување на предмети на рака и други неправилности од негова страна“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК член на Судскиот совет.

Член на судскиот совет за СДК вели дека нема да се чека исходот од двегодишната истрага во Скопското обвинителство против него за истите сомневања.

„Тоа што го истражува Обвинителството за Панчевски е со друга цел, за кривична одговорност. Ние ги најдовме елементите за покренување постапка за разрешување на судијата, од аспект на нашата работа“, вели соговорникот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2019 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега