Сугарески до Заев: Не изневеривте, срамота

Досегашниот пратеник на СДСМ Горан Сугарески не го сокрива револтот по објавувањето на пратеничките листи на Зоран Заев.

За Сугарески како и за други досегашни пратеници и функционери на СДСМ, Заев не остави место на листите бидејќи таму постави луѓе од шарената револуција и пленумот.

Сугарески лично му се обратил на Заев не криејќи што тој и останатите мислат за оваа одлука.

-Претседателе, не изневеривте. Ги оставивте на цедило оние кои во 2014 ги убедуваа останатите да опстојат во битката и да не се вратат во Собранието како Грчева, Топузовска и Буралиева. И самите знаете дека јас, Маријанчо Николов и Лидија Димова со денови молевме двајца колеги да не се вратат во Собранието. И сега тие колеги сеуште се на листата а ние сме надвор. Срамота! – му се обратил Сугарески на Заев.

 
 
08.11.2016 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега