Супер вест за возачите: Големо поевтинување на бензинот и дизелот

Регулаторната Комисија за енергетика тукушто ги објави новите цени на бензинот и дизелот во Македонија.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по 3.00 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 66.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 68.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.00 денари, и еден литар дизел ќе чини 60 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, а траат една недела.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2019 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега