Сведок за смртта на Тамара: Решение за лекување во странство имаше, но мајката сакаше друга болница

На малечката Тамара Димовска која почина пред пет години и било обезбедено и решение и пари за лекување во болницата Медипол во Турција, но нејзината мајка не го подигнала решението од Фондот за здравство и сакала да бара медицински азил во Германија или во САД, пренесе Фокус.

За ова денеска сведочеше вработен во Фондот за здравство, Бранко Аџигогов.

-Кога ја прашав зошто немаат здравствено осигурување ми кажа дека таа и и сопругот си дале отказ од работа и дека убаво живееле од парите од донации, сведочеше Аџигогов.

Љубомир Михајловски-Џанго, адвокатот на поранешната директорка на Фондот, Маја Парнаџиева вели дека со ова сведочење се случил пресврт на судењето.

-Се потврди она што одбраната цело време го кажува, се потврди дека јавноста е доведена во заблуда во изминатиот период. Ова е пресврт во судењето и во понатамошниот тек на постапката се повеќе ќе се докажува околу средства што се собрани, потрошени, средства коишто биле наменети за лекување, а не се употребени за лекување. Јас знам дека не се искористени за лекување, а каде се потрошени, тоа ќе мора мајката да ја прашате. Има материјални докази, пари се одобрени од Фондот, паричните средства, решение и формалности не биле причина за да девојчето не биде лекувана во странство, вели Михајловски.

Обвинителството констатирало дека и првостепената и второстепената комисија, како основа за нивната одлука да не го пратат девојчето да се лекува во странство, ја зеле предвид изјавата на тогашниот министер дека пациентите со деформитет на ‘рбетот нема да одат во странство поради можноста за извршување на ваквите операции на Клиниката за ортопедски болести во Скопје, иако во тој момент сè уште не постоеле услови во Македонија за извршување вакви операции. Семејството на девојчето сега живее во Словенија, а нејзиниот дедо беше осуден бидејќи пукаше кон Тодоров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега