Светски шампион пронајен мртов - неговата смрт ги изненади сите, пронајден на дно од океан

Двократниот светски шампион во сноуборд, Австралиецот Алекс Пулин, беше пронајден мртов во својата татковина.
Успешен спортист, кој имаше чест да го носи знамето на Австралија на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година, беше пронајден на дното на океанот во близина на златниот брег на Квинсленд во Австралија.

Неговото неподвижно тело беше забележано во водата од нуркачи.

„Тој бил во лов на риба со харпун. Минувачите го изнесоа на брегот и таму спасувачите и лекарите се обидоа да го оживеат, но без успех”, рече портпаролот на брзата помош на Квинсленд.

Јавноста во Австралија е во целосен шок, затоа што не е јасно како настрадал 32-годишниот спортист.

Алекс неодамна објави фотографиите од неговите авантури на океанот на социјалните мрежи. Тој беше обожавател на сурфање и копнење.
Бројни австралиски спортисти изразија длабоко сочувство до семејството на починатиот сноубордер, а се огласи и австралискиот олимписки комитет.

„Алекс беше омилен член на нашата организација и многу ќе ни недостасува. Неверојатен спортист, сакан член на националниот тим и вистински пример за сите. Многу ни недостасуваш”, посочуваат од оваа организација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега