Свршеничката на Асанж: На синовите им велам дека татко им е херој

Додека основачот на „Wikileaks", Џулијан Асанж води правна битка против екстрадицијата во САД од Велика Британија, неговата свршеничка Стела Морис настојува нивните двајца синови да знаат кој е нивниот татко, и затоа, како што вели, им кажува дека е херој.

Австралиецот Асанж во САД е обвинет поради наводна шпионажа, како и поради објавување на илјадници доверливи документи на интернет преку "Wikileaks", а сега се наоѓа во еден затвор во Лондон. 

„Колку што можам, се обидувам на синовите да им овозможам чувство на припадност во нормално семејство", рекла Морис за "CBS News", инаку адвокатка од Јужна Африка која пред една деценија станала дел од правниот тим на Асанж, а потоа со него влегла во љубовна врска.

Врската останала тајна и откако Асанж пронашол засолниште во еквадорската амбасада во Лондон, а двајцата подоцна ги добиле синовите Габриел и Макс, кои ретко имале можност да го видат својот татко, но, како што тврди Морис, со него разговараат секојдневно.

„Не е можно Џулијан да има праведно судење во САД", вели Морис, која истакнува дека сака на синовите да им овозможи да почувствуваат татковска љубов.

„Им кажувам дека Џулијан е херој", додава таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега