СЗО: На светот му се потребни повеќе вакцини против коронавирус

Мајк Рајан, водечки експерт за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), го поздрави одобрението на Велика Британија за вакцината Pfizer / BioNTech во средата.

Тој рече дека се потребни повеќе вакцини и дека дотогаш мора да се почитуваат мерките како што се носење маски на јавно место, пренесува Анадолија.

Рајан разговараше со епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхове, на јавен форум за КОВИД-19.

Тие изразија надеж за развој на вакцини, но исто така ја истакнаа потребата од други безбедносни мерки.

 

„Не треба да застануваме, ни требаат повеќе од три или четири видови вакцини. Треба да го зголемиме производството, треба да ја намалиме цената. Потребна ни е вакцина со една доза“, рече Рајан.

Велика Британија стана првата земја што дозволи употреба на вакцината Pfizer / BioNtech против коронавирус, по клиничко одобрување од државното регулаторно тело.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 23:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега