СЗО најави: За 3 до 4 недели ќе биде објавена важна информација за коронавирусот

СЗО работи на изработка на насоки за употреба на лекот ремдесивир.

Светската здравствена организација соопштила дека работи на изработка на насоки за употреба на лекот ремдесивир за лечење на пациенти заболени од ковид-19, кои би требало да бидат објавени за три до четири недели. 

Комисијата на СЗО ќе се состане следната недела за да ја прегледа евиденцијата за ефикасноста на лекот кој го произведува компанијата "Gilead Sciences", пренесува "Reuters".

Главната научничка на СЗО, Сума Сваминатан рекла дека се надева дека законодавците и телата кои работат на изработка на насоки за лечење од Ковид-19 во земјите ширум светот, ќе ги земе во предвид резултатите од ова истражување, меѓу другите.

САД издале целосно одобрение за употреба на ремдесивир за лечење на пациенти заболени од ковид-19. Меѓутоа, едно поранешно истражување на СЗО покажало дека лекот најверојатно немал влијание на стапката на преживеани пациенти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега