СЗО: Омикрон сепак не е толку опасен

Техничката раководителка на Светска здравствена организација (СЗО) за ковид-19, Марија ван Керкова изјави дека според првичните информации лицата заразени со сојот омикрон обично имаат поблага форма на болеста. Но, Керкова додаде дека е прерано да се зборува за тоа.

Ван Керкова наведе дека е потребно време за заразените да минат низ целиот процес на инфекција и оти можеби ќе минат неколку недели пред навистина да стане јасно колку луѓе од заразените со сојот омикрон ќе развијат тешка форма на болеста.

Сепак, таа предупреди дека дури и да се работи за полесна форма на болеста, важно е брзо да се делува за да се преземат мерки за контрола на нејзиното ширење.

 

 

06.12.2021 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа