СЗО предупредува: Зголемена стапката на ширење на вирусот

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските агенции.

Според податоците засновани на извештаи од национални агенции, Грција и Кипар имаат најголеми стапки на инфекции од почетокот на пандемијата, додека Шпанија и Португалија имаат најголем број на инфекции регистрирани во последните шест месеци.

Европа досега има пријавено 58,74 милиони случаи и повеќе од 1,2 милиони смртни случаи од коронавирус.

Според анализата на моменталната состојба во Европа, повеќето дневни инфекции се регистрирани во Велика Британија (повеќе од 40.000 случаи на ден), следува Шпанија со 25.000 случаи на ден и 16.100 случаи во Франција во последните 24 часа.

Минатата недела, Грција објави најголем број на заразени од почетокот на пандемијата, 4.300 случаи, а Кипар исто така достигна најголем дневен број на инфицирани со Ковид-19, со 1.000 лица на ден.

Макфакс

26.07.2021 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега