СЗО се надева на стотици милиони дози вакцина против Ковид-19 до крајот на годината

Светската здравствена организација (СЗО) изрази надеж  дека ќе се произведат неколку стотици милиони дози на вакцина против новиот коронавирус до крајот на годината, па дури и две милијарди во текот на 2021 година.

Како што се забрзува трката за вакцините, научниот директор на СЗО, Сумија Сваминатан рече дека повеќе од 200 кандидати за вакцини се анализираат низ целиот свет и се водат десетина клинички испитувања.

– Ако имаме среќа, ќе има еден и двајца кандидати пред крајот на годината, изјави таа на онлајн прес конференција.

Според неа, приоритет во вакцинацијата треба да бидат оние кои се на „првата линија” – лекари и полицајци, потоа чувствителни луѓе како што се стари лица и, конечно, луѓе кои се најмногу изложени на инфекција во околината, домови за згрижување стари лица или населби каде што се инфекции лесно се шират.

– Започнуваме од претпоставката дека би можеле да имаме неколку стотици милиони дози вакцини до крајот на оваа година, а тоа е оптимална прогноза, изјави претставникот на СЗО, додавајќи дека се надева дека во 2021 година ќе има две милијарди дози, како и две до три ефикасни вакцини.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега