СЗО со нова лоша вест: Не е корона вирус, друга болест се шири многу побрзо

Еболата се шири во Демократска Република Конго со речиси 50 регистрирани случаи, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Откако властите ја прогласија епидемијата на 1 јуни, потврдени се 48 случаи во Конго, а за уште тројца постои сомнеж дека се заболени. Вкупно починале 20 лица, изјави експертот на СЗО, Мајк Рајан.

„Ова е многу активно жариште и јас би рекол дека имаме голема причина за загриженост“, рече Рајан пред новинарите.

Тој предупреди дека иако сега бројките се мали, во ерата на Ковид-19 многу е важно да не ги запоставиме другите болести што се појавуваат.

„Во догледно време нема да има враќање во старата нормала. Има уште многу работи за кои треба да се загрижиме“, предупреди тој.

Пандемијата од коронавирус би можела да се влоши ако државите не преземат строги здравствени мерки на претпазливост, предупреди СЗО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега