СЗО: Укинување на оваа мерка би можела да се врати како бумеранг

Привременото укинување на мерките за ограничување на движењето воведени поради сузбивање на ширење на новиот коронавирус би можело да направи „фатално враќање“ на пандемијата, предупреди првиот човек на Светската здравствена организација.

-Знам дека некои земји веќе се подготвуваат за излез од изолација. СЗО би сакал, како и сите, рестрикциите да се укинат. Но прераното укинување на рестрикциите би можеле да поттикнат фатално враќање на пандемијата, истакна Тедрос Адхан Гебрежезус.

-Враќањето би можело да биде еднакво смртоносно како и нејзиното ширење ако изостанат потребните мерки, додаде тој на прес-конференција.

СЗО разговара со заинтересираните земји за подготвување на стратегија за сигурно излегување од изолација и смета оти реба да се исполнат шест услови.

Потребно е да се контролира преносот на вирусот, да се осигураат јавноздравствената и медицинска потпора, треба да се воведат превентивни мерки на работното место, во училиштата, да се контролира ризикот од внес на вирусот од странство и одговорност на населението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега