СЗО: Верските собири и организираните настани доведоа до ширење на коронавирусот

Многу земји, кои успешно се справија во борбата против коронавирусот, бележат зголемување на бројот на пациенти како резултат на организирање на настани, како што се верските собири, рече денеска епидемиологот на Светската здравствена организација, Марија Ван Керкова.

На онлајн брифингот, Ван Керкова нагласи дека вирусот ќе ја искористи секоја можност да се засили, пренесува Ројтерс.

– Навистина е важно државите да бидат во состојба брзо да ги детектираат тие случаи, рече таа на онлајн брифингот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа