СЗО : Внимателно за Божиќ и Нова година

Еден од главните експерти на СЗО, Мајк Рајан, вели дека почетокот на употребата на вакцината против короната треба да му даде на светот „значителна контрола над вирусот следната година“.

"Животот на кој сме навикнати пред пандемијата - мислам дека е многу, многу возможен повторно, но мора да продолжиме да одржуваме хигиена, физичко растојание. Вакцините не значат дека нема да имаме случаи на корона. Сепак, ставањето на вакцината во играта ќе ја сруши кривата, ќе завршат рестриктивните мерки и ќе имаме контрола над болеста “, рече Рајан, цитиран од Ројтерс.

Тој додаде дека е потребна свесност дека „треба да ги намалиме шансите короната да продолжи да се шири“.

"Јас советувам голема претпазливост за време на новогодишните празници. Во Ирска, од каде што сум, во кујната има 15 луѓе кои лупат компири и заедно подготвуваат оброци за Божиќ. Сега не смееме да го правиме тоа", додаде Рајан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега