СЗО: Во Конго се шири ебола, има 50 заболени

Ебола се шири во Демократска Република Конго со скоро 50 познати случаи низ регионот по должината на границата со Република Конго и Централноафриканската Република, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Бидејќи властите прогласија епидемија на 1 јуни, потврдени се 48 случаи во Конго, а уште тројца се сомнителни , додека вкупно починале 20 лица, изјави експертот на СЗО, Мајк Рајан.

„Ова е многу активно жариште и јас би рекол дека имаме голема причина за загриженост“, изјави Рајан пред новинарите.

Тоа е голема географска област која вклучува дел од реката Конго и по неа луѓето патуваат на големи растојанија и заедниците се многу поврзани.

„Предупредувам дека сега дека бројките се мали, а во ерата на ковид-19 многу е важно да не ги губиме предвид другите болести што се појавуваат“, рече Рајан.

Тој потсети на одделните појави на епидемии во провинциите Северен Киву и Итури во источен Конго, каде бил прогласен крајот на епидемијата на ебола во јуни. Во овие области биле потврдени 3463 случаи, а за две години починале 2277 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега