СЗО за пандемијата: Вакцината ќе ни даде значителна контрола над вирусот следната година

Еден од главните експерти на СЗО, Мајк Рајан рекол дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирус треба на светот да му донесе значителна контрола над вирусот следната година.

„Животот на кој навикнавме пред пандемијата - мислам дека е многу можно повторно да се врати, но ќе мора да одржуваме хигиена, физичка дистанца. Вакцините не знач дека нема да имаме ниту еден корона случај. Меѓутоа, внесувањето на вакцината во игра ќе ја сруши кривата, ќе ги заврши рестриктивните мерки и ќе ни даде контрола над болеста“, порачал Рајан, пренесува Ројтерс.

Тој додал дека е неопходна свеста за тоа дка мораме да ги намалиме можностите короната и понатаму да се шири.

„Советувам голема внимателност во време на новогодишните празници. Во Ирска, од кае сум и јас, во кујна може да се најдат 15 лица кои лупат компири и заеднички подготвуваат оброци за Божиќ. Тоа сега не смееме да го правиме“, додал Рајан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега