СЗО загрижена за епидемиолошката состојба во Србија

Директорот на канцеларијата на Светската здравствена организација во Белград, Марјан Ивануша предупреди дека ситуацијата во Србија е сериозна, откако во последните денови бројот на новозаразени нагло скокна.

Според него, Србија се наоѓа на четвртото место во Европа според бројот на новоинфицирани лица на 100.000 жители.

Во последните денови во србија има по повеќе од 3.000 нови случаи на Ковид-19 на дневна основа. Бројот на хоспитализирани пациенти повторно надминал 4.000.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 23:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега