Таа е единствената оџачарка во Србија: „Луѓето се чудат кога ќе ме видат на терен“

Јасмина Диниќ сонувала да стане стјуардеса, но животот ја одвел во сосема друг правец и, како што вели, мисли дека тоа е судбина. Таа денеска е единствениот оџачар во Србија.

„Сè е запишано некаде, вклучително и кој што ќе прави“, рече Јасмина.

Инаку, поради околностите избрала професија која ја прави единствена и препознатлива, а  верува дека носи и среќа. Иако оваа работа важи за исклучиво машка, Јасмина е доказ дека не е така.

Со оваа работа се занимава 28 години, а во професијата го запознала и својот сопруг со кој успешно ја водела компанијата пред 13 години.

„Со сопругот  се запознав надвор од оваа работа, преку пријател. Тој е механичар и кога се запознавме работеше во фирма, а потоа го запознав со оваа работа. Тој протестираше долго време и не сакаше да прифати , но сега сме веќе 13 години заедно во тој бизнис“, вели Јаснима и додава дека се многу успешни во бизнисот, но и горди родители на две ќерки.

Таа работи и како секретарка и менаџер во својата компанија, па како што вели, луѓето најмногу се изненадуваат кога ќе ја видат на терен.

Признава дека оваа работа е напорна и опасна.

“Ова е работа каде што еден човек не би можел да работи сам. Луѓето знаат дека имаат одреден степен на недоверба кога ќе ме видат, но тоа брзо престанува. Ги смирувам со мојата работа и големо знаење”, рече Јасмина во утринската програма на Прва ТВ.

05.01.2024 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега