ТАБЕЛА: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот


Согласно последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) до 17 часот најголема излезеност за првиот круг на претседателските избори сеуште има во скопската општина Карпош. Таму 53,78% од граѓаните го оствариле своето право на глас. Веднаш зад неа по излезеност во општините во Скопје, е Аеродром, со 53,48% на излезеност на гласачите. 

Во Ценатр до 17 часот гласале 53,27 од граѓаните. Во Кисела Вода излезеноста е 52,35%, а во Ѓорче Петров 50,20 % од граѓаните го оствариле своето избирачко право.

Споредбено со податоците на ДИК од претседателските избори во 2019 година, чијшто пресек тогаш беше направен во 17 часот, може да се забележи дека на овие избори излезеноста на гласачите е значително поголема.  

24.04.2024 - 17:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега