Тачи: Добрите вести за Приштина секогаш пристигнуваат од Вашингтон

Добрите вести за Приштина секогаш доаѓаат од Вашингтон, рече денеска косовскиот претседател Хашим Тачи, пред состанокот кој на 27 јуни ќе се одржи во Вашингтон, на кој Белград и Приштина ги повика специјалниот пратеник на САД Ричард Гренел.

Тачи на конференцијата за новинари рече дека тоа ќе се случува и во иднина.

Одиме во Вашингтон со стабилни принципи. Сметаме дека најавениот состанок е историска пресвртница и единствена можност за започнување на многу тежок процес, но неопходен за постигнување на мир. Косовската делегација е подготвена достоинствено да ги застапува интересите на Косово“, рече Тачи, пренесува Коха.

Инаку, во Белата куќа почна и “слободата и независноста на Косово“ и поради тоа САД уживаат почитување од приштинските институции.

„Го трасираме патот на меѓусебно признавање, воспоставување на меѓудржавните односи и отворање на патот кон членство во меѓународните организации. Поради тоа имам целосна доверба дека состанокот во Вашингтон ќе придонесе за внатрешна и меѓународна консолидација на Косово“, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега