Тага во Белгија: 12-годишно девојче ја изгуби битката со коронавирусот - најмлада меѓу сите жртви на пандемијата

Девојче (12), заразено со коронавирус, починало во болница во Белгија, пренесуваат денес многубројни медиуми.

Властите во Белгија во вторникот потврдиле дека 12-годишното девојче засега е најмладата жртва на коронавирусот.

Портпаролот на националниот кризен центар, Емануел Андре изјавил дека ова е “емотивно тежок момент затоа што вклучува дете, што ги вознемирило медицинските работници, но и целата јавност“.

„Мислам на нејзиното семејство и пријатели. Тоа е настан кој што е многу редок, но нас многу нè вознемири“ – додал Андре.

Засега не се познати никакви детали за девојчето.

Тој додал дека во последните 24 часа од оваа болест починале 98 луѓе, со што вкупниот број на жртви во таа земја пораснал на 705.

Досега во Белгија од коронавирусот има 12.770 заразени луѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега