Тага во Хрватска: Почина 11-годишно дете по компликации од коронавирусот- не било претходно болно

11-годишно момче почина во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести. Фран Михајљевиќво Загреб од последиците од икоронавирусот, дознава Јутарњи лист.

Станува збор за најмладата личност која починала како резултат на новиот вирус корона во Хрватска, а според информациите на загрепскиот весник, момчето не било претходно болно.

Се наведува дека постоела ретка компликација што лекарите почнале да ја забележуваат кај мал број деца кои биле заразени - имало мултиоргански воспалителен синдром кој се јавува како прекумерен имунолошки одговор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа