Тајландските власти донесоа итна одлука - што ќе се случи со мистериозната пештера

 

Пештерата во Тајланд во која 12 момчиња и нивниот тренер беа заробени повеќе од 2 недели ќе биде претворена во музеј.

Според првичните информации во музејот ќе биде претставен начинот на кој се одвивала акцијата за спасување на момчињата, властите наведуваат дека тоа ќе биде главна атракција на Тајланд.

Дванаесет момчиња и нивниот тренер се опоравуваат во болница. Вчера се објавени првите фотки од момчињата од болницата а на нив се гледа дека се добро расположени.

Там Луанг е една од најголемите пештери во Тајланд. Се наоѓа во близина на градот Мае Саи, во северната покраина Чианг Раи на границата со Мјанмар. Ова подрачје воглавно е неразвиено.

„Ова подрачје ќе стане музеј. Ќе поставиме интерактивна база на податоци за акцијата за спасување која ќе стане уште една атракција на Талјанд“, рекол Наронгсак Осотанкорн, шеф на мисијата на спасување.

 

 

Премиерот Прајут Чан оча изјавил дека е неопходно да се спроведат мерки на претпазливост, како внатре, така и надвор од пештерата, за да се заштитат туристите.

 

Уште не е познато дали музејот ќе биде оперативен во текот на цела година.

Освен тоа, две компании изразиле желба да снимаат филм за момчињата и тренерот кои биле заробени во пештерата.

 

 

 

12.07.2018 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа