Тајната која се крие зад костимот на Џеки Кенеди - го носела 24 часа по атентатот на претседателот

Симбол на трагедијата на убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди е розовиот костим на неговата сопруга Џеки Кенеди. Пред американската нација, костимот на Шанел извалкан со крв, Џеки го носела за да го истакне ужасот.

Во него била и при положувањето на заклетвата на новиот претседател Линдон Џонсон, носејќи го костимот за да го покаже шокот и ужасот од проживеаното. Фотографиите од тие моменти се главно црно бели, па бојата не може да се забележи.

Во светлото на убиството на Кенеди и суровата реакција на првата дама, тој костим станал дел од културата. Но всушност постои тајна за тој костим која повеќето луѓе не ја знаат.

„Тоа всушност не е Шанел“, пишува Сатон Травис за bestlifeonline.com.

Прочитајте и...  Како да го надминете секојдневното чувство на умор

На Џеки Кенеди ѝ се воодушевувале како на модна икона со могу стил, но некои ја критикувале поради екстравагантниот вкус кон странската мода за време на претседателската кампања на нејзиниот сопруг.

Тоа било доволно за политичкиот тим на Кенеди да се чувствува непријатно, па ја замолиле покрај својот сопруг да се појавува исклучиво во американска облека.

Џеки Кенеди успеала да ги надмине ограничувањата.

Ангажирала американски дизајнери кои ги копирале меѓународните стилови и модните решенија со одобрение на  странските модни дизајнери. И така Џеки Кенеди дошла до тој розов костим, идентичен на Шанеловиот од таа сезона.

Вашингтон пост објаснува дека иако се чинело дека станува збор за Шанел, всушност го изработила модната куќа од Џујорк, Чез Нинон.

Костимот денес се чува во Американскиот национален архив во државата Мериленд каде го допремила ќерката Керолин.
Костимот и понатаму е извалкан со крв, не е достапен за увид на широката јавност, но се наведува дека имало и такви барања.
Сепак, се чува во тајност од страв да не се уништи сеќавањето на семејството Кенеди.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа