Тајван: Вежбите на Kина се подготовка за инвазија

 

Министерот за надворешни работи на Тајван денеска изјавил дека Кина ги користи воените вежби предизвикани од посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, како образец за подготовка за инвазија на Тајван.

Џозеф Ву, кој не понуди временска рамка за можна инвазија, рече дека Тајван нема да биде заплашен без оглед на континуираните воени маневри и кршењето на неофицијалната линија за одвојување во Тајванскиот теснец, пишуваат медиумите.

„Кина користи воени вежби за да се подготви за инвазијата на Тајван“, рече Ву, истакнувајќи дека Кина не само што спроведува сеопфатни воени вежби и лансира проектили, туку користи и сајбер напади, дезинформации и економски притисок за да го ослаби јавниот морал во Тајван.

По завршувањето на вежбите, продолжи Ву, Кина би можела рутински да продолжи со своите акции за да го наруши статус квото од другата страна на Тајванскиот теснец. Ву оценува дека овие потези ја загрозуваат регионалната безбедност и покажуваат дека Кина има геостратешки амбиции кои се протегаат надвор од Тајван.

Кина никогаш не ја отфрли можноста за насилно преземање на Тајван, а портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин во понеделникот рече дека Кина спроведува нормални воени вежби „во нејзините води“ на отворен, транспарентен и професионален начин, додавајќи дека Тајван е дел од Кина.

Портпаролот на Министерството за одбрана, Ву Чиан, во понеделникот изјави дека вежбите се неопходно предупредување за Соединетите Американски Држави и Тајван, опишувајќи ги како целосно разумен и соодветен одговор на нивните неодамнешни провокации, пренесуваат агенциите.

Кинеското раководство ги отфрла официјалните контакти на други земји со Тајпеј бидејќи го смета островот за дел од неговото копно. Тајван, од друга страна, долго време се смета за независен. Тајван не го признава суверенитетот на Пекинг и вели дека за иднината на таа островска држава ќе одлучува исклучиво тајванскиот народ.

Претставник на Пентагон во понеделникот изјавил дека оценката на Вашингтон е дека Кина нема да се обиде да го нападне Тајван во следните две години.

09.08.2022 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега