Талески: Исплатена им е бонус плата од 27.182 денари на вработените во МВР

На 4.471 вработен во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година, исплатена им е бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари. Ова на прес-конференција го истакна пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

За оваа намена од буџетот на МВР издвоени се над два милиони евра.

„Раководството на Министерството редовно ги исплаќа бонус платите за прекувремена работа, заврши времето кога овие надоместоци се исплаќаа ненавремено, со доцнење. Денес полицајците се почитувани, нивниот труд е вреднуван и тие се помотивирани во вршењето на своите работни задачи. Денес, полицијата е вистински партнер и заштитник на граѓаните“, рече Талески.

Како што додаде, владејачката партија ќе продолжи да инвестира во подобри услови за работа на полицијата, оти само задоволна, мотивирана полиција може да биде ефикасен сервис на граѓаните и чувар на законите.

21.06.2021 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа