Талески: Извештајот за напредокот на Северна Македонија е потврда за успешните политики на Владата предводена од СДСМ

Во Извештајот јасно е наведено дека со новиот Закон за јавно обвинителство, донесен во февруари 2020 година се обезбедува основа за професионален и непристрасен обвинителен систем, кој е поотпорен на политички и друг притисок, но и дека многу ќе зависи од неговата соодветна примена, рече денеска на прес конференција Миле Талески, пратеник од СДСМ.

„Понатаму, во Извештајот на Европската комисија се наведува дека како резултат на реформите во изминатите години Северна Македонија воспостави механизми за обезбедување независно и одговорно судство и дека треба да се обезбеди нивна решителна и доследна употреба пред да се предвидуваат натамошни промени во оваа област.

Во однос на владеење на правото и фундаментални права, односно Поглавје 23, Извештајот наведува дека државата има одредено ниво на подготвеност за почитување на ЕУ легислативата и европските стандарди во оваа област.

Овие наоди, како и наодите во областа на изборите и борбата против корупцијата, ја потврдуваат успешноста на досегашните реформи, како и подготвеноста на Владата предводена од СДСМ да продолжи да работи во насока на достигнување на европските стандарди.

Извештајот е дополнителен мотив за парламентарното мнозинство, Владата, сите институции, да работат уште повеќе посветено на реформите што обезбедуваат силен, ефикасен и независен правосуден систем.

Доаѓа време на ред, правда и дисциплина, време на целосно прочистување на судството и ефикасно и неселективно владеење на правото.

Тоа е важно за нашата европска интеграција, но уште поважно е за нашите граѓани, за нашето општество.

СДСМ продолжува посветено да работи на креирање и реализација на законски решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот и кои не доближуваат до европските стандарди.“ рече Талевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2020 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега