Талески: Не брзаме со законот за спорот со Макпетрол, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира реформите

Не се брза со ништо. Во конкретниов случај станува збор за редовна постапка што ние како пратеници имаме обврска да ги реализираме сите оние проекти коишто се претходно почнати, рече денеска пратеникот од СДСМ Миле Талески одговарајќи на новинарско прашање зошто синоќа се брзаше да се донесе законот со кој ќе се реши спорот меѓу Владата и Макпетрол.

– Очигледно деструктивното однесување на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ продолжува во секој поглед со нивното функционирање во Собранието, тоа го покажа и со самиот факт што претходно на ребалансот, а сега и на буџетот имаше сериозни ситуации во коишто ВМРО-ДПМНЕ ги доведе граѓаните да биде ставена нивната иднина во прашање. Гледате дека во секој поглед без разлика за и каков да е закон тие одат на варијанта да го блокираат. Го блокираат Законот за внатрешни работи со над 500 амандмани, ги блокираат сите оние реформски закони којшто се во правец на подобрување на животот и стандардот на граѓаните – рече Талески.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2020 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега