Талески: Рекордни заплени на дрога, МВР силно се бори против криминалот

Министерството за внатрешни работи продолжува да остварува одлични резултати во бескомпромисната борба со криминалот и сузбивањето на недозволеното производство и продажба на наркотици, рече денеска пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

„Македонската полиција, само за еден ден, во две големи акции заплени тон и 600 килограми дрога во вредност од 3,2 милиони евра.

Во периодот декември 2021 – јануари 2022 и првите денови од месец февруари, вкупно се запленети се над два тона марихуана, над еден тон психотропни супстанци за производство на метформин со вредност од над 50 милиони евра, како и седум килограми хероин во вредност од 300.000 евра“, истакна претставникот на СДСМ според кого овие податоци говорат за успешноста и ефикасноста на МВР.

18.02.2022 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега