Талевски: Мнозинството е стабилно, но корона вирусот влезе во Собранието

Владејачкото мнозинство е стабилно, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара начин да ги одолговлекува процесите започнато во законодавниот дом, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, пратеникот од СДСМ, Миле Талевски.

„Наша обврска, како пратеници избрани од страна на граѓаните е да се појавиме и да учествуваме во работата и на пленарните седници и на седниците на работните тела, а не по ходници да чекаме да нема мнозинства“, вели Талевски.

Во врска со можноста за он-лајн одржување на седниците Талевски вели дека за тоа досега СДСМ излегла со неколку предлози.

„Сите оние пратеници, заразени со Ковид-19, сите кои имаат решение за изолација по контакт со заболен, да можат своето право, како пратеници, да го реализираат он-лајн“, вели Талевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега