Талибанците воведуваат програма „храна за работа” за невработените

Талибанската власт во Авганистан од денеска почнуваат програма за борба против гладта, нудејќи им на илјадници луѓе пченица во замена за работна сила.

– Програмата ќе биде спроведена во поголемите авганистански градови и со неа ќе можат да се вработат 40.000 луѓе само во главниот град Кабул, изјави портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид на прес-конференција.

– Ова е важен чекор во борбата против невработеноста, истакна Муџахид, додавајќи дека работниците ќе мора „да работат напорно”.

Авганистан, кој веќе страда од сиромаштија, суша, прекин на електричната енергија и неуспешен економски систем, сега се соочува со почетокот на сурова зима.

Според талибанската програма „храна за работа”, работниците нема да бидат платени, а таа е наменета за оние кои моментно се невработени и најмногу се изложени на ризик од глад во текот на зимата.

Како дел од двомесечната програма, 11.600 тони пченица ќе бидат разделени во главниот град, а околу 55.000 тони ќе бидат дистрибуирани во другите делови на земјата, вклучувајќи ги Херат, Џалалабад, Кандахар, Мазар-и-Шариф и Пол-и-Хомри.

24.10.2021 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега