Тамара откако се врати од Евровизија: Имавме смешен буџет, работевме на шкрги

Македонската пејачка Тамара Тодевска, која вчера беше топло пречекана на скопскиот аеродром по својот настап на Евровизија каде освои 8 место, во интервју за 1ТВ кажа дека и покрај малиот буџет нејзиниот тим се посветил целосно на настапот.

-Немавме некој буџет. Наменети се 150.000 за двете евровизии, детската и нашата. 100.000 евра се за големата, од тие 36.000 се плаќа учество, останатите 64.000 се смешни пари. Немавме за ништо, сите луѓе што дојдоа, дојдоа без пари, работевме на шкрги – рече Тамара.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2019 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега