Таравари: Без Левица имавме 61 пратеник, планот беше да падне Владата и да се договориме за ресори

Таравари во денешната емисија Клик Плус на ТВ21 говореше како течеле разговорите за собирање потписи за рушење на владата.

„Тој ден, во четвртокот имавме 61 пратеник без Левица. Ова ви го гарантирам. Имаше уште двајца пратеници кои не можам да ги кажам со имиња. Ден пред тоа Кастриот Реџепи ми рече „Што побргу да падне оваа влада“. Што се случи во четвртокот видовме сите. Не овозможија да има дебата, па после гласање. Да дозволеа да има гласање сигурно ќе паднеше владата дури и без Кастриот“, вели Арбен Таравари од АА.

Тој додава дека планот бил да падне владата па да се договори програма за новата влада како и да се договорат која партија кои ресори ќе ги води.

 
06.12.2021 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа