Таравари: Би коалицирале со сите освен со ДУИ

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари за ТВ 21 рече дека не се исклучува можноста за коалицирање со СДСМ, но не би била можна коалиција со ДУИ.

-Нема теорија да ја раскинеме коалицијата со Алтернатива. Гледаме опции и за други коалиции. Можно е да има коалиција со сите партии, со СДСМ, со ВМРО-ДПМНЕ, само со ДУИ не. Сметам дека нашата коалиција со Алтернатива е силна. За локалните избори ќе ги прегледаме сите опции, но дефинитивно со ДУИ нема коалиција, порача Таравари.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2021 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега