Таравари: ДУИ е канцер за општеството

Старо-новиот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари во изјава за медиумите потенцираше дека политичката партија ДУИ е канцер за општеството, а како што кажа, се раѓа и нова надеж, особено кај Албанците, со нејзиното заминување во опозиција. 

„Вчера го слушнавме Ахемти дека е спремен да разговара и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ да разговара. Значи нема нешто против ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи цела кампања беше против ВМРО-ДПМНЕ и ова ме радува. Јас мислам дека дефинитвно ДУИ ќе биде во опозиција за две до три недели. Мислам дека ДУИ е канцер на општеството и со нејзино заминување во опозиција се раѓа една надеж особено кај Албанците. Ние преговараме и со пратеници на СДСМ и на ДУИ, не по наша иницијатива, туку по нивна иницијатива. Тие побараа да се сретнеме и побараа некои гараанци“

08.11.2021 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега