Таравари: ДУИ ми нудеше се за да одам со нив - и Премиер ќе ме ставеа

Лидерот на АА и кандидат за претседател Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека да побарал да биде првиот премиер Албанец, ДУИ ќе прифателе, но сепак одлучил да го слуша гласот на народот.

Тој додава дека имал понуди од ДУИ.

– Нудеа се. Да побарав да бидам прв премиер Албанец, и тоа би прифатиле. Да побарав да бидам заеднички кандидат за претседател, и тоа би прифатиле, но одлучив да го слушам гласот на народот, кој сака промени после 22 години – порача Таравари.

Таравари рече дека една од најголемите грешки било што влегле во владата.

– Повеќето од партијата беа да влеземе во Владата, дури и јас гласав за тоа, не сакав да бегам од одговорност. Но, тоа беше најголемата грешка што ја направивме, огромно незадоволство се јави помеѓу симпатизерите на Алијанса за Албанците – вели Таравари.

Тој додава дека ја признава таа грешка.

Лидерот на Алијанса за Албанците и кандидат за претседател порача дека ДУИ не била послаба од 2002 година.

– Сигурен сум дека промената кај Албанците ќе дојде и тоа е добро. Само не знам со колкава разлика, но промената ќе дојде, а тоа ќе биде добро и за ДУИ. ДУИ не бил послаб никогаш, од 2002 година, тоа го велат статистиките, анкетите – вели Таравари.

Таравари порача дека доколку нема уставни избори, тие нема да бидат дел од Владата.

– Сега зборувам за Алијанса за Албанците, без разлика колку пратеници ќе имаме, ние нема да бидеме дел од влада која нема да ги направи уставните промени. Ќе бидеме дел од влада која во одреден временски период ќе се обврзе да ги спроведе уставните промени – порача Таравари.

Лидерот на Алијанса за Албанците смета дека само актуелниот претседател Стево Пендаровски би можел да ги предизвика на претстојните избори.

– Зависно од кампањата, реално и според анкетите само Пендаровски би можел да не предизвика во првиот круг, за тоа кој ќе влезе во вториот одлучувачки – вели Таравари и додава дека врз база на анкетите ВМРО ДПМНЕ е многу понапред.

Тој истакна дека има реални шанси да влезе во вториот кандидат од претседателските избори.

– Според сите дискусии што сме ги направиле, со оглед на моменталното расположение, мислам дека имаме реални шанси да влеземе во вториот круг од претседателските избори. Доколку ДУИ и СДСМ одат со заеднички кандидат, тоа ќе ни ги зголеми шансите уште повеќе. А дали. ќе победиме на претседателските избори, тоа е тешка мисија сега за сега, да не реча, невозможна – порача Таравари.

Таравар истакна дека без разлика што ќе одлучи судот во врска со партијата, тие продолжуваат понатаму, но и  дека промената е неминовна

– Ние веќе ја официјализиравме соработката со трите опзициони партии, без разлика како ќе одлучи судот за тоа легално чија е партијата. Ние продолжуваме, промената е неминовна – додава Таравари.

Таравари вели дека според нивните калкулации, опозицијата ќе биде минимум 3 пратеници пред ДУИ во изборната единица 6.

 

20.02.2024 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега