Таравари на средба со Ковачевски: Имаме заеднички цели - како партнери до полноправно членство во ЕУ

Екс премиерот Димитар Ковачевски, денеска се сретна со претседателот на АА, Таравари во седиштето на СДСМ. Информацијата ја соопшти на неговиот ФБ профил.
„На денешната средба со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во седиштето на СДСМ, разговаравме за реализацијата на програмата на Владата, за динамиката на работа во наредниот период, како и за политиките кои значат исполнување на стратешката цел на земјата за членството во ЕУ и партнерството со САД.
Наши заеднички цели на коишто посветено работиме како политичари и коалициски партнери се продолжување на европскиот пат до полноправно членство во ЕУ и јакнење на стратешкото партнерство со САД. Тоа е наша обврска кон сите граѓани и кон иднината на државата затоа што Северна Македонија нема друга алтернатива освен европскиот пат“, напиша Ковачевски на ФБ.
01.02.2024 - 14:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа