Таравари не би се кандидирал повторно за градоначалник на Гостивар

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека не би се кандидирал повторно за втор мандат како градоначалник на Гостивар. Меѓутоа, ќе почека да види што ќе покажат анкетите.

Таравари вели дека претседателот на Собранието, Талат Џафери е сериозен кандидат за градоначалник на таа општина.

-Талат Џафери е сериозна кандидатура за Гостивар. Ужива поддршка од гласачите. Сериозен човек е, но нашата база таму е многу силна, и секој наш кандидат ќе биде нов градоначалник на Гостивар. Јас лично не би се кандидирал за втор мандат, порачува Таравари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2021 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега