Таравари: Никогаш во животот не сум потпаднал под притисоци

 

Само човек којшто е апсолутно чист може да излезе во опозиција, без да му трепне око, порача вечерва лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

-Да имаше притисоци ќе останев во Влада. Не знам некој поради пристисоци да оди во опозиција, тоа се шпекулации. Никогаш немало притисоци ниту од другата страна, никогаш во животот не сум потпаднал под притсисоци. Во 2017 година во Гостивар имав соработка со ВМРО-ДПМНЕ во локалната власт и имав притисоци од централнтата власт. Централната власт е таа што може да прави притисоци, не може опозицијата. А кога ќе дојде момент да потпаднам под притисок, ќе нема да се занимавам со политиката, рече Таравари во Вести Плус.

Очекува на претстојните локални избори заедно со Европскиот фронт во албанскиот блок да освојат повеќе од два спрема еден гласови во споредба со ВРЕДИ и вели дека доколку соодносот е помал воопшто нема потреба и логика да се бараат предвремени парламентарни избори

31.07.2025 - 19:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега