Таравари очекува да ја добие внатрепартиската битка: Гледам поддршка 60:40

Актуелниот претседател на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари очекува поддршка од мнозинството делегати во Собранието на партијата.

Таравари денеска објави дека ќе се кандидира за претседател на државата, а прашан дали може стравува дека може да биде разрешен в сабота за кога Зијадин Села го свика Централното собрание на АА, вели има поддршка од 60% од делегатите.

-Внатре во партијата секогаш има разногласие и ништо лошо во тоа. Меѓутоа, јас ја гледам поддршката и во Централното собрание на партијата кај што сме 60:40, а тоа Собрание јас го наследив. Во членството исто така е некаде 60:40, меѓутоа кај народот е 90:10. Ние со г. Села можеме да го убедиме нашето членство, меѓутоа гласачот и граѓанинот да го убедиш дека треба да ѝ помогнеме на ДУИ сега мислам дека е контраверзно и нема да се прифати и ако одевме ние со ДУИ ќе нѐ саботираше гласачот. А нас ни треба кредибилитет да се вратиме на тоа како што почнавме пред 10 години. Почнавме како фракција од ДПА која што имаше за задача да ги донесе промените во албанскиот блок. Бидејќи не можеме сами, тоа е очигледно, имаме партнери со коишто веќе во сабота ќе имаме конечен договор и заедно со нив ќе ја донесеме долгоочекуваната промена во албанскиот политички блок, вели Таравари.

15.02.2024 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега