Таравари одбива да биде претседател на техничката влада: Тоа е „кукла премиер“

 

Откако во јавноста се спомна името на лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари за прв Албанец премиер во претстојната техничка влада, тој вели дека не сака да биде „кукла премиер“.

Таравари во гостувањето во Тема на денот на Сител рече дека нема амбиции 100 дена да биде претседател на владата.

-Сигурно нема да бидам премиер. Можам да бидам премиер кога ќе ме предложи мојата партија. Меѓутоа, да ме предлага некоја друга партија никогаш не би го прифатил тоа. Не ми значи ништо да бидам премиер 100 дена. Тоа е кукла премиер. Инаку, ако дојдеме до резултати или до некоја коалиција, можеби тогаш би размислил, иако немам такви амбиции, искрено, рече Таравари.

14.11.2023 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега