Таравари позитивен на коронавирусот: Сите сме во ова оро, никој не може да се заштити сам

Градоначалникот на Гостивар, а поранешен минисетр за здравство, Арбен Таравари на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот.

 „Почитувани пријатели и колеги, штотуку го добив резултатот од тестот и се покажа дека сум заразен со вирусот SarasCov-2. Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките. Сите сме во ова оро, никој не може да се заштити сам. Со тоа што не спроведуваме анти-ковид мерки, своеволно се претвараме во оружје еден за друг. Јас ке бидам под силен надзор на лекарите, и благовремено ќе ве информирам за сè, напиша Таравари во својата објава на фејсбук.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега