Таравари: Преговараме со сите партии за Влада, освен со ДУИ
Во тек е протестниот марш од страна на коалицијата Алијанса-Алтернатива во знак на револт за изборниот ден и пребројувањето на гласовите од предвремените парламентарни избори.
Во живо во вестите на ТВ21 се вклучи и генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари кој истакна дека пораката на маршот е да не повторат претходните грабежи и криминали кои се случуваат во последните 18 години.
На прашање од новинарот, дали е можна коалиција со СДСМ и Беса, Таравари посочи дека се е можно.
„Се е можно, но многу тешко и скоро невозможно е да се направи коалиција со ДУИ, тоа е најтешко и неверувам да биде, меѓутоа повторно одлучуваат органите на партијата“, посочи Таравари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа