Таравари: Прво да ги расчистиме институциите, луѓето да имаат доверба, па потоа да организираме фер избори

„Ние од синојќа имаме ново мнозинство, мнозинство кое што е за недоверба на оваа Влада, практично овие денови преговараме со уште неколку пратеници се надевам дека ова мнозинство за неколку дена ќе прерасне во бројката 64/65. Меѓутоа има интерес од повеќе пратенци кои што се членови на СДСМ, што се незадоволни од криминалното владеење на СДСМ и ДУИ. Имаме и други пратеници кои што се дел од мнозинството и мислам дека треба да се случи промената и државата да почне да чекори кон прав пат, да се декриминализира со еден збор. Ситуацијата е чиста се надевам ќе почнеме да одиме по пат кој го посакува секој граѓанин“, изјави старо – новиот градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Градоначалникот на Гостивар истакна дека трањето на оваа Влада би била околу година ипол, но како што кажа, прво целта им било да се расчистат, дедуизираат, декриминализираат институциите, со цел луѓето да имаат доверба во инститиуциите на ситемот. Дури потоа да се организираат фер и демократски избори, кажа Таравари, дополнувајќи дека на ваков начин не се организираат избори.

06.11.2021 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега