Таравари: Со Филипче сме другари но не се јавува за кафе

Со министерот за здравство Венко Филипче сме другари, но тој никогаш не ми се јавил за да пиеме кафе, рече генералниот секретар на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, во неговото гостување во Дневникот на Сител.

Тој истакна дека воопшто не бил повикан на отворањето на ковид-центарот во Гостивар, иако претходно Владата му наредила да направи бетонска подлога за ковид модуларната болница, како и соодветна сервисна мрежа.

– Од Владата ни стигна наредба дека Општина Гостивар мора да ја направи подлогата за новата модуларна ковид болница, како и да обезбеди соодветна сервисна мрежа. Ние веднаш излеговме пресрет со цел да им помогнеме на нашите сограѓани кои се болни од коронавирусот, а целата таа операција чинеше околу 5.000 евра. Сепак, се снајдовме некако и си ја завршивме работата. Потоа, никој мене не ме извести дали и кога ќе има официјално отворање на болницата. Јас само дознав дека Филипче пристигнал таму, се фотографирал со модуларната болница и си заминал. Никој мене не ме известил и не ме поканил. А со Филипче сме другари уште од Клиника. Тој неколку пати доаѓа во Гостивар, а никогаш не ми се јавил за да пиеме кафе – рече Таравари.

14.09.2021 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега