Таравари: Талат Џафери е сериозен кандидат за градоначалник на Гостивар
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека претседателот на Собранието, Талат Џафери е сериозен кандидат за градоначалник на Гостивар.
– Талат Џафери е сериозна кандидатура за Гостивар. Ужива поддршка од гласачите. Сериозен човек е, но нашата база таму е многу силна, и секој наш кандидат ќе биде нов градоначалник на Гостивар. Јас лично не би се кандидирал за втор мандат – рече Таравари.
18.02.2021 - 10:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа